Системот е почнат да се игра со почетна банка од 300 евра на 1.07.2007
Оваа стратегија за распределба на парите е еден вид модифициран Martingale систем.
Секој ден избираме по еден натпревар за обложување. Ако промашиме го зголемуваме влогот за следното обложување, а ако погодиме тргнуваме од почетниот влог.
Висината на влоговите се одредува според вашиот избран фиксен дневен профит (кој сте го одбрале спрема сопствените финансиски можности). Во нашиот систем ние одбравме 10 евра/ден.
Системот ќе го применуваме на безбол натпревари (MLB) на играта помалку/повеќе (under/over) и коефициентот изнесува 1.90.
Влогот за првиот ден изнесува:
влог = 10 / (коеф. - 1)
Во случај на промашување за вториот ден треба да вложиме:
влог 2.ден = (влог 1.ден + 20) / (коеф. - 1)
Единствената формула за овој систем е:
V = (I + N * P) / (K - 1)
V - влог, I - вкупно вложени средства од последниот погодок, N - број на обложување од последниот погодок, K - коефициент.
Пред да се одлучите за колкав фиксен дневен профит ќе играте, потребно е да одредите за колку влогови морате да осигурате средства во случај на поголема низа промашувања.
Ние во нашиот случај ќе играме до 4 промашувања во низа. Фиксниот дневен профит ни е 10 евра. За почеток ни се потребни 320 евра (со среден коефициент 1.90), а тоа е и почетната состојба на нашата банка.